Со премиерата на филмот „Downsizing“ беше означен почетокот на 74-тото издание на Филмскиот фестивал во Венеција.
Меѓу бројните ѕвезди на црвениот тепих заблескаа и Мет Дејмон со неговата сопруга Лусијана Баросо, со која е во брак 12 години.
Славниот пар изгледаше елегантно во креации од Версаче. Црвениот фустан со длабоко деколте на Лусијана доаѓа од колекцијата есен 2017 на врвната модна куќа.







Мет и Лусијана имаат три ќерки - 11-годишната Изабела, 9-годишната Џиа и 6-годишната Стела.









