Енрике Иглесијас, Рики Мартин и Марк Антони ја предводат листата на ѕвезди со најмногу освоени награди на „Lo Nuestro Premio 2016“.
На манифестацијата, која ги награди најуспешните во латино музиката, Енрике Иглесијас победи во три категории. Во рацете на 40-годишниот Шпанец завршија статуетките за Најдобар поп пејач, Најдобра соработка за песната со Ники Џем „El Perdón“ и Најдобра урбана песна.


Рики Мартин ја имаше честа да ги добие наградите Видео на годината за спотот за „La Mordidita“, Најдобар поп албум за „A Quien Quiera Escuchar“ и Најдобра поп песна за „Disparo al Corazón“

Марк Антони, кој на сцената ја изведе „Traidora“, освои две награди во категоријата Тропска музика, Најдобар изведувач на тропска музика и Најдобар машки изведувач на тропска музика.
Видео

Наградата Најдобар изведувач му припадна на Хозе Алваро Осарио Балвин, а за Најдобар албум беше избран „Hoy Más Fuerte“ на Херард Ортиз.
Статуетката за Животно дело му припадна на колумбискиот пејач и композитор Карлос Вивес.
На манифестацијата големо внимание привлекоа дамите, кои пријатно изненадија со својот изглед.
Глорија Треви


Алехандра Еспиноза


Марлен Фавела

Настасја Боливар

Чикинкира Делгадо

Каролина Макалистер
