Сара Мејс имаше одличен настап на харфа.
33-годишната пејачка и харфистка со сопругот Димитар Атанасовски присуствуваше на настан на кој изгледаше елегантно и атрактивно. За свеченоста, таа избра црвен фустан со отсечок во делот на стомакот.
„Преубава вечер“ - напиша Мејс на Instagram.
Сара позираше и со Викторија Лоба, која носеше бела креација.
Сара и Димитар стапија во брак во 2017 година, а следната година се роди нивната ќеркичка Илина. Нивниот син Кирил се роди во 2022 година.