Голема радост за Тамара Тодевска, нејзиниот тим и нашата држава. Моќната изведба на „Proud“ ни обезбеди пласман во евровизиското финале.
33-годишната пејачка одушеви со вокалните способности, а инспиративната песна очигледно допре до многубројната публика.
Настапот на Тамара
На спектакуларната сцена, Тамара одушеви во фустан од Ношпал и накит со бисери од Rebecca. Нејзини пратечки вокали беа Антониа Гиговска, Александра Јанева и Васил Гарванлиев.
Ова е голем успех, со оглед на тоа што Македонија последен пат влезе во финалето на Евровизија во 2012 година, благодарение на Калиопи и песната „Црно и бело“.
Најдобар резултат досега постигна Елена Ристеска во 2006 година, кога нè претставуваше со песната „Нинанајна“ и стигна до 12. место.
Следете ја дискусијата за Евровизија на Форум Фемина.