Forbes ја објави листата на најплатени дами во светот на музиката, а на првото место убедливо се смести Тејлор Свифт.
Само за една година, 26-годишната пејачка успеала да заработи 170 милиони долари, што е двојно повеќе од заработката на пејачката која се најде на второто место. Приходите на Свифт се должат пред сè на турнејата „1989“, продажбата на албуми, но и соработката со брендови како Diet Coke, Keds и Apple.
Веднаш по Тејлор, на листата се смести Адел со заработени 80,5 милиони долари. Најголемиот дел од нејзиното богатство се должи на продажбата на албуми, т.е. на албумот „25“, кој беше најпродаван во годината која измина.
Мадона се најде на третото место, а нејзината годишна заработка од 76,5 милиони долари се должи на турнејата „Rebel Heart“.
Тејлор Свифт
170 милиони долари

Адел
80,5 милиони долари

Мадона
76,5 милиони долари

Ријана
75 милиони долари

Бијонсе
54 милиони долари

Кети Пери
41 милион долари

Џенифер Лопез
39,5 милиони долари

Бритни Спирс
30,5 милиони долари

Шанаја Твејн
27,5 милиони долари

Селин Дион
27 милиони долари
