Forbes и оваа година ја состави листата со најплатени актерки во Холивуд, а врвот повторно ѝ припадна на Џенифер Лоренс. 26-годишната филмска ѕвезда со заработка од 46 милиони долари во една година ги победи своите славни колешки.
Лоренс минатата година исто така беше сместена на првото место на листата, но со малку поголема заработка (52 милиони долари).
Нејзините приходи за изминатата година се должат на франшизата „The Hunger Games“ и филмот „Passengers“, во коj глуми покрај Крис Прат.
Листата е направена според заработките на актерките од јуни 2015 до јуни 2016 година.
Џенифер Лоренс
46 милиони долари

Мелиса Мекарти
33 милиони долари

Скарлет Јохансон
25 милиони долари

Џенифер Анистон
21 милиони долари

Бингбинг Фан
17 милиони долари

Шарлиз Терон
16,5 милиони долари

Ејми Адамс
13,5 милиони долари

Џулија Робертс
12 милиони долари

Мила Кунис
11 милиони долари

Депика Падуконе
10 милиони долари
