Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ева Мендес во впечатлив стајлинг со фустан со леопардски принт ја промовира својата нова детска книга

Ева Мендес во впечатлив стајлинг со фустан со леопардски принт ја промовира својата нова детска книга

Пред една деценија, Ева Мендес се откажа од актерството за целосно да се посвети на мајчинството и да ги израсне двете ќерки кои ги има со Рајан Гослинг.

Сега, таа се врати во јавност, но овој пат како авторка на детска книга. За да го промовира своето дело „Desi, Mami and the Never-Ending Worries“, 50-годишната актерка беше дел од емисија на Good Morning America.

Ева пристигна во впечатлив стајлинг со фустан со леопардски принт и сино палто, а потоа се пресоблече во женски костум со риги.

Ева Мендес Ева Мендес Ева Мендес Ева Мендес Ева Мендес Ева Мендес Ева Мендес Ева Мендес

Како мајка на 10-годишната Есмералда и 8-годишната Амада, Ева дава сè од себе за да создаде блискост со децата. Таа вели дека една од причините за да ја напише книгата била да се поврзе со своите деца.

„Книгата отвора врати за да разговарате за многу работи, за кои кога јас бев дете, не разговаравме. Сите мислат дека децата немаат грижи, тие се само деца. Но, децата имаат грижи. Денешните времиња се различни и родителите мораат да комуницираат со нивните деца“.

„Како сите родители, така и јас посакувам да имав повеќе време со моите девојчиња. Има денови кога имам само неколку минути за да се поврзам со нив. Обожавам да читам книги со нив и да имаме квалитетно време“ – рекла Ева.

Таа сподели за сладок момент кога ја видела Есмералда како чита од нејзината книга.

„Моето мало девојче, кое само што наполни 10 години, имаше тежок период и ви се колнам дека влегов во нејзината соба, а таа ја читаше книгата. Тоа ме трогна“ – додала таа.

Ева Мендес

Ева и Рајан започнаа да се состануваат во 2008 година откако заедно го снимија филмот „The Place Beyond the Pines“. Семејството последно беше фотографирано заедно на Олимпијадата во Париз.

Ева Мендес Ева Мендес

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19764 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.