Пи Диди се огласи на социјалните мрежи по смртта на неговата поранешна девојка Ким Портер, со која има три деца. За неа, тој рече дека му била повеќе од сродна душа и вети дека ќе се грижи за нивното семејство како што таа го научила.
49-годишниот рапер објави четири постови на Instagram во чест на Ким – две видеа и две фотографии.
„Во изминативе три дена се обидувам да се разбудам од овој кошмар. Но, не можев. Душо, не знам што ќе правам без тебе. Многу ми недостигаш... Ние бевме многу повеќе од најдобри пријатели, повеќе од сродни души. Многу ми недостигаш...“ – напиша тој во описот на првото видео.
„Не може да се опише со зборови. Ќе те сакам засекогаш, до бесконечноста и назад“ – пишува на една од фотографиите со Ким.
Во последната објава од пред 4 часа, Диди напиша: „Ќе го изгледам нашето семејство исто како што ти ме научи. Засекогаш ќе те сакам!!! Не можам да поверувам во ова сра*е!!!“.
Ким Портер беше пронајдена мртва во нејзиниот дом во Лос Анџелес во четвртокот наутро.
Портер и Диди започнаа да се состануваат на почетокот од 90-тите години. Нивното прво дете, синот Кристијан, се роди во 1998 година. Девет години подоцна, тие добија близначки.
Парот ја прекина врската во 1999 година, по што Диди се состануваше две години со Џенифер Лопез. Откако се раздели со неа, тој повторно ја обнови романсата со Ким. Нивното заедничко љубовно патување заврши во 2007 година, но тие останаа добри пријатели и заедно со нивните деца ги славеа празниците и одеа на летувања.