Поголемото синче на Дарко Велковски и Тамара Чуприна наполни три години.
29-годишниот фудбалер и неговата сопруга му направија роденден во игротека на слаткиот Ведран. Темата на детската прослава беше „Спајдермен“.
Тамара позираше со двете синчиња. Покрај Ведран, таа го држеше и седуммесечниот Видан.
„Роденденската забава на Ведран“ – стои во објавата на Тамара.









„Љубовта моја среќата и животот на мама. Најпалаво мое детенце да ми бидеш живо, здраво и среќно цел живот!!! Мама и тато те сакаат најмногууу“ - напиша таа во пост за роденденот.
Дарко со фотографии му го честиташе роденденот на Ведран на Instagram.







„Среќен роденден сине, здрав и жив“ – напиша тој.