Балканската публика му подари на Даниел Кајмакоски уште една победа. Македонскиот пејач победи во шоуто „Твоето лице звучи познато“.
Во финалната епизода, Кајмакоски настапи со „Heroes“, песната со која Мoнс Зелмерлов победи на Евровизија 2015.
Ивана Петерс отпадна од трката по првиот пресек, а веднаш по неа беше елиминирана и Каја. Последниот пресек го остави Неша Бриџис без шанса за победа. На крајот стана јасно дека Никола Роквиќ има помалку гласови од Даниел, кој стана големиот победник.
Главната награда од 25.000 евра и приходите од гласањето на публиката Даниел избра да ѝ бидат донирани на мајка од Куманово со две деца кои страдаат од иста болест, а на која за лекување ѝ се потребни 100 илјади евра.
Настапот на Даниел во финалето




