Гоце Тодоровски и неговата сопруга следната година ќе слават „златна свадба“. Македонскиот актер, кој е најпознат по улогите во Македонските народни приказни, сега ја прослави 49-годишнината од стапувањето во брак со саканата Тања.
Нивните деца Сашенка и Гоце споделија фотографии на Facebook, кои подоцна беа објавени и на неколку фан страници за Македонските народни приказни. На нив,
„Нашата актерска легенда, Гоце Тодоровски деновиве одбележа 49 години брак со својата сопруга. По тој повод семејството Тодоровски се собра во својот дом и го прослави тој голем ден крунисан со цели 49 години заеднички живот помеѓу Гоце и неговата животна сопатничка. Како плод на љубовта со неговата сопруга изродија две деца, на следниве фотографии ги гледате, ќерката Сашенка Тодоровска и синот Гоце крстен по својот татко Гоце Тодоровски“ – стои во описот на фотографиите објавени на фан страница за покојниот Ѓорги Колозов.