Гвен Стефани и Гевин Росдејл добија уште еден син. Гордиот татко ја потврди веста преку порака на Twitter во која го објави и името на малото момче. „Добредојде Аполо Боуви Флин Росдејл“ – напиша тој.
Среќниот пар, кој е во брак 11 години, има и два други сина,
44-годишната пејачка во јануари им откри на своите фанови дека нејзините синови ќе добијат братче. „Бев подготвена да ја предадам круната. Но, претпоставувам сè уште сум кралица на куќата. Момче е“ – напиша Гвен на Instagram и објави фотографија на која носи круна.