Гвен Стефани и Гевин Росдејл ставија крај на својот брак. 45-годишната пејачка поднела документи за развод по речиси 13 години брачен живот. Парот беше во врска 6 години пред да заплива во брачните води.
„Иако двајцата стигнавме до заедничка одлука повеќе да не бидеме брачни партнери, ние остануваме партнери во родителството и сме посветени заедно да ги растеме нашите три сина во среќна и здрава средина“ – се вели во соопштението на парот.
Познатите музичари имаат три деца – 9-годишниот Кингстон, 7-годишниот Зума и 1-годишниот Аполо.