Парис Хилтон за првпат присуствуваше на настан со своите две мали дечиња.
43-годишната бизнисменка ги одведе двегодишниот Феникс и едногодишната Лондон во Музејот на сладоледот во Њујорк, каде се одржуваше добротворната забава Young Hearts Friend Fest организирана токму од неа и од нејзината сестра Ники Хилтон.
Двете сестри со децата беа облечени во пастелни нијанси во бебешка розова и бебешка сина боја.
Парис, Ники и нивните деца заедно со останатите посетители уживаа во музика, уметност, шеќерна волна, декорирање мафини и многу сладолед.
Забавата е наменета за деца од 2-14 години и за нивните родители. Целта е семејствата да се запознаат со мисијата на организацијата „God’s Love We Deliver“ и да ја поддржат нивната мисија.
Парис ги доби двете деца во јануари и ноември 2023 година со помош на сурогат-мајка.