Викторија и Дејвид Бекам денес го слават Св. Валентин.
За да го одбележат Денот на вљубените, славните партнери споделија романтични фотографии и кратки пораки.
49-годишниот поранешен фудбалер објави фотографија на која со Викторија се облечени во спортска облека. „Среќен Св. Валентин. Те сакам“ – напиша тој.

50-годишната дизајнерка, пак, објави фотографии од заедничка фотосесија снимена од фотографското дуо Инез и Винут. „Те сакам премногу“ – стои на нејзината објава.




Викторија и Дејвид стапија во брак во 1999 година. Тие заедно имаат четири деца.

