Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ВИДЕО: Џенифер Лопез го бакнува во уста бившиот сопруг Марк Антони на сцената на „Latin Grammys“

ВИДЕО: Џенифер Лопез го бакнува во уста бившиот сопруг Марк Антони на сцената на „Latin Grammys“

Џенифер Лопез беше специјална гостинка на доделувањето на Латино Греми наградите. 47-годишната пејачка му ја додели наградата „Личност на годината“ на својот поранешен сопруг Марк Антони.

Џеј Ло упати бројни пофални зборови кон таткото на нејзините две деца пред да му ја предаде почесната награда, а потоа го бакна и во устата.

Џенифер Лопез

„Марк е жива легенда која ги разголува срцето и душата во текот на неговото музичко патување. Тој е чист и магичен артист кој ни дава класики кои ќе останат со нас засекогаш. Тој секогаш ќе значи многу нешта во мојот живот. Ментор и сродна душа. Огромна чест ми е што му ја предавам наградата Личност на годината на мојата љубов, Марк Антони“ – вели Лопез во својот говор.

Славните музичари настапија заедно на сцената и ја изведоа „Olvídame y Pega la Vuelta“.

Лопез и Антони беа во брак 10 години пред да се разведат во 2014 година. Тие се родители на 8-годишните близнаци Ема и Макс.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20931 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.