Џенифер Лопез и Лин-Мануел Миранда беа гости во шоуто на Џими Фелон. Познатите музички ѕвезди ја забавуваа публиката, изведувајќи ја својата нова песна „Love Make The World Go Round“.
Настапот го започна Лопез, која се појави во креација со долга блескава колоритна наметка, а подоцна неа ѝ се придружи Миранда.
46-годишната пејачка и 36-годишниот актер, рапер и композитор им ја посветија песната на лицата кои пред еден месец ги загубија своите животи во вооружениот напад во ноќен клуб за хомосексуалци во Орландо, а приходите од продажбата на песната ќе бидат наменети за оние кои го преживеаја трагичниот настан.




