Пристигнува првиот македонски постапокалиптичен филм режиран од Вардан Тозија.
Филмот „М“ е дистописка приказна за осумгодишниот Марко, кој трага по мајка си во суров и мрачен свет обземен од таинствен вирус.
„Светот е опустошен од пандемија. Сам и надвор од безбедноста на шумата, Марко се соочува со уништен свет обвиен со тишина и опасност“ – стои во описот за филмот на IMDB.
Дел од актерската екипа се Сашко Коцев, Тони Михајловски, Матеј Сиваков, Камка Тоциновски, Александар Ничовски и Верица Недеска.
Погледнете го трејлерот: