Легендарниот Карлос Сантана заедно со R&B пејачката Индиа.Ари направија спот за неговата верзија на песната „While My Guitar Gently Weeps“.
Во спотот е прикажана млада девојка која сонува да стане музичарка, но е принудена да работи во ноќен клуб за да преживее.
„While My Guitar Gently Weeps“ е песна од 1968 година, напишана од Џорџ Харисон од познатата група Битлси. Беше на нивниот двоен албум „The Beatles [White Album]“.
Прекрасната балада е дел од најновиот албум на Сантана "Guitar Heaven: The Greatest Guitar Classics of All Time", кој беше пуштен во продажба пред два дена во САД.