Џенифер Анистон, Бети Вајт, Џон Хем, Мајкл Џордан, Робин Вилијамс, Елен Деџенерис, Џими Кимел, Кит Урбан, Џордин Спаркс и многу други славни лица им се придружија на децата болни од рак и персоналот од болницата „St. Jude“ за заедно да ја испеат „Hey Jude“.
Емотивното видео ја покажува групната изведба на хитот на Битлси, во чест на 50-годишното постоење на болницата за деца болни од рак „St. Jude“.
Продуцент на видеото е Тони Томас, син на основачот на болницата Дени Томас, кој верувал дека ниту едно дете не треба да умре во зората на животот.
„Долги години мислев да го направам тоа. Финалното видео изгледа исто како што си го замислував во главата“ – изјавил Тони.
„По секое гледање на видеото, децата предизвикуваат да се смеам... и да плачам“ – напишала сестрата на Тони, Марло Томас, на својот блог.
Целта на видеото е собирање на средства за лекување на децата и финансирање на истражувања за пронаоѓање на лек за оваа страшна болест.