Синди Крафорд го занемуваше светот во 90-тите години, но и до ден-денес има специјално место во светот на модата.
51-годишниот супермодел гостуваше во рубриката „73 прашања“ на модната библија „Вог“. Забавното интервју се одвиваше во нејзиниот семеен дом во Малибу.
Крафорд открива дека кавијарот ѝ е омилено јадење, а чоколадото омилен десерт. Исто така, признава дека омилена ревија ѝ е модното шоу на Версаче од 1991 година, кога сите модели на пистата ја пееја „Freedom“. Во видеото се појавуваат и нејзината ќерка Каја и нејзиниот син Присли.