Уште со првото појавување на аудициите за шоуто America's Next Top Model, моделот Ен Ворд го привлече вниманието на жирито.
19-годишната американка ги шокира сите членови на жирито со својата неверојатно тенка половина, а откако нејзината аудиција беше прикажана во реклама за шоуто, нејзината тенка фигура предизвика многу бурни реакции во Америка.
Но, тоа не ѝ попречи на Ен да ја освои титулата. Вчера таа официјално беше прогласена за победничка на 15-тата сезона на реалното шоу America's Next Top Model.
Ен ја победи и последната конкурентка Челси Херсли и ја освои наградата која вклучува едиторијал за италијанското списание Вог и договор за реклама со козметичкиот бренд Cover Girl во износ од 100 000 долари.
Водителката на шоуто, Тајра Бенкс, го објави името на победничката во присуство на другите членови на жирито во кое се најде и познатиот дизајнер Роберто Кавали.
Прогласувањето на победничката
Аудицијата на Ен
Еве го и видеото од аудицијата на Ен, кога член на жирито успеа со двете раце да ја ѝ ја опфати тенката половина.