Наташа Бедингфилд вчера премиерно го покажа својот најнов спот за песната „Strip Me“.
Спотот е режиран од Кати Ранкин, а во него 28-годишната пејачка менува многу облека и модни додатоци пред кон крајот да започне да се мачка со боја.
„Strip Me“ е вториот сингл од истоимениот нов албум на Наташа, кој ќе започне да се продава во САД на 7-ми декември.