Меган Трејнор имаше мала незгода во шоуто на Џими Фелон. 22-годишната пејачка, која се прослави со хитот „All About That Bass“, падна на сцената додека ја изведуваше својата нова песна „Me Too“.
Целата изведба течеше во најдобар ред, сè до крајот кога на познатата музичарка ѝ се свитка ногата поради високите потпетици и изгуби контрола. Меган сосе микрофон се струполи на сцената.
Славниот водител легна до неа за да ја утеши. „Најтешко е кога треба да го фатиш микрофонот“ – се пошегува тој.
Погледнете го целиот настап:


