Љубојна одржа едночасовен концерт како дел од програмата „Култура во време на Корона“ на Град Скопје.
Македонската музичка група настапи вечерва кај Железничката зграда зад трговскиот центар Буњаковец.
Идејата зад малите концерти е да се поддржат невработените уметници, односно оние уметници кои што ги загубиле своите редовни приходи во овој период, но и да се доближи културата до сечиј дом.
Сите учесници добиваат еднаков солидарен хонорар во нето износ од 14.500 денари, а изведбите се пренесувани на Facebook и YouTube.