Даниел Кајмакоски беше исправен пред голем музички предизвик во новата епизода на „Твоето лице звучи познато“. Македонскиот пејач влезе во улогата на легендарниот Принц, кој почина минатиот месец.
Покажувајќи ги своите вокални способности, Кајмакоски го исполни хитот „Purple Rain“ заедно со Жељко Јоксимовиќ, Владо Георгиев и Ана Кокиќ.
„Кога ја слушаш неговата музика, го имаш она посебно чувство кое не можеш да го објасниш со зборови. Ние го изгубивме, но неговата музика никогаш нема да умре“ – рече Даниел и откри дека имал можност да го сретне Принц во живо.



