Прогласувањето на победничката во телевизиското шоу Australia's Next Top Model очигледно не помина онака како што режисерите си го замислуваа, но сигурно доби поголема популарност и гледаност отколку очекуваната.
На самото прогласување, водителката Сара Мурдок доживеа многу непријатен момент, затоа што неколку минути откако го изговори името на победничката, дозна дека всушност го кажала погрешното име.

38-годишната водителка прво ја прогласи за победничка Келси Мартинович. 19-годишната убавица одржа краток говор и ја прегрна „второпласираната“, но нејзината среќа не траеше долго.
Аплаузите на публиката ги прекина водителката со зборовите: „О Господе, не знам што да кажам во моментов... Многу ми е жал за ова. Аманда е. Многу ми е жал“. Тогаш сите сфатија дека вистинската победничка е 18-годишната Аманда Вер.
Чувствувајќи огромен срам за направената грешка, водителката неколкупати ѝ се извини на Келси, која многу достоинствено ја прифати веста за направената грешка.
Погледнете ја непријатната ситуација.