Во понеделникот вечерта Бијонсе беше меѓу славните кои воодушевија со својата појава на црвениот тепих во музејот „Метрополитен“. 29-годишната пејачка носеше тесна креација на Емилио Пучи којашто ги оцрта нејзините облини.
Бијонсе сјаеше покрај нејзиниот Џеј-Зи и среќно позираше пред фотографите. Проблемот се појави кога дојде ред таа да ги искачи скалите што водеа до гала вечерата.
Поради претесниот фустан, Бијонсе не можеше да ја поткрене ногата за да се качи по скалите, па нејзиниот сопруг и уште едно момче мораа да ѝ помогнат.
Најзасегнати од настанот се најдоа фотографите кои ја чекаа на скалите. Презафатена со своите проблеми со фустанот, Бијонсе не им обрна внимание, па тие ни две, ни три, започнаа гласно да викаат „Буууууу“ или по наше „Уаааа“.
Погледнете го видеото: