Хали Бери е од дамите за кои часовникот како да застанал. Тешко е да се поверува дека славната актерка чекори во шестата деценија од животот.
На филантропска свеченост на Revlon за поддршка на женското здравје, Хали мамеше погледи и комплименти во тесен фустан кој ја истакнуваше нејзината завидна фигура.
50-годишната филмска ѕвезда носеше креација од Давид Кома.







На настанот во Лос Анџелес присуствуваа и Сиара, Џенифер Хадсон, Кортни Кокс и Синди Крафорд.

