Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Брзо растат“: Северина со фотографии со синот од Малдиви и емотивна порака за неговиот 13-ти роденден

„Брзо растат“: Северина со фотографии со синот од Малдиви и емотивна порака за неговиот 13-ти роденден

Синот на Северина Вучковиќ заплива во тинејџерските води.

Александар денес полни 13 години, а по тој повод, хрватската музичарка објави фотографии од Малдиви и од неговото детство. 52-годишната пејачка сподели емотивна порака во која напиша дека децата растат брзо и му посака на Александар да биде добар човек и да биде среќен.

Северина Северина

„13 години имам голема среќа да живеам со прекрасен, сега веќе – дечко. Паметен, мудар, можеби и премногу за своите години... и искрен дечко. Тој е горд на сè, а јас гордо чекорам покрај него. Понекогаш, загледани во ѕвездите, а понекогаш во читање лектира. Брзо растат, толку брзо што не можете ниту да стигнете да кажете „Ехеј, каде и да одиш, само биди добар човек и биди среќен, само биди ми среќен. Па среќен роденден, прекрасен мој сине“ – напиша таа.

Северина Северина Северина

Северина го има Александар од бракот со бившиот сопруг Милан Поповиќ. Таа се раздели со него во октомври 2012 година, по што започна и нивната борба за старателство над Александар.

Во ноември 2019 година, нејзе ѝ беше одземено старателството и таа можеше да го гледа синот само двапати неделно попладне и секој втор викенд да го поминува со него од сабота наутро до недела навечер.

Пред точно една година, Северина извојува важна победа и си го врати синот токму на неговиот 12-ти роденден.

Северина Северина Северина Северина Северина Северина Северина Северина со синот Александар Северина со синот Александар

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 23073 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.