Блејк Лајвли повторно е бремена. Популарната актерка и нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс го очекуваат своето второ дете.

Пред неколку дена Лајвли беше фотографирана на снимањето на филм на плажа. Поради нејзината облека започнаа шпекулации дека е во блажена состојба, но сега тоа беше потврдено од релевантни американски медиуми.





Холивудските ѕвезди имаат и 16-месечна ќерка која го доби името Џејмс.




Лајвли и Рејнолдс ја започнаа својата врска во октомври 2011 година, а го изговорија судбоносното „Да“ на 9 септември 2012 година.

