Следните парови се меѓу најбогатите славни парови во светот. Но, прашањето е кој од нив носи повеќе милиони?
Бијонсе или Џеј Зи?
Бијонсе. Според извештајот на Форбс, во текот на 2010 година Бијонсе заработила 87 милиони долари, а нејзиниот сакан Џеј-Зи „само“ 63 милиони.
Жизел Бундхен или Том Брејди?
Том. Иако Бундхен како најплатен модел на светот минатата година заработила 25 милиони долари, сепак нејзиниот сопруг заработил повеќе. Ова е прва година во која Том (рагби ѕвезда во САД) со своите 35 милиони ја надминува заработката на 30-годишната долгонога манекенка.
Анџелина Џоли или Бред Пит?
Заработуваат подеднакво. И Анџелина и Бред во текот на 2010 година заработиле по 20 милиони долари.
Роберт Патинсон и Кристен Стјуарт?
Кристен. Иако Патинсон и Стјуарт никогаш официјално не признале дека се во врска, јавноста е убедена дека има нешто повеќе од пријателство меѓу „Едвард“ и „Бела“. Според Vanity Fair, минатата година Кристен заработила 28,5, а Роберт 27,5 милиони долари.
Алекс Родригез или Камерон Дијаз?
Алекс. Само еден милион е разликата меѓу заработката на Алекс (бејзбол играч) и заработката на Камерон. Во 2010г. русокосата актерка го зголемила своето богатство со 32 милиони, а Алекс неговото со 33.