Од моментот кога Бијонсе ја објави веста за бременоста започнаа да циркулираат гласини дека таа намерно го зголемува својот стомак со перниче за да привлекува што поголемо внимание. Некои одеа и во крајност, тврдејќи дека Бијонсе воопшто не е бремена и дека сè е само шоу за публиката.
Таквите гласини добија многу поголема сила откако Бијонсе во понеделникот гостуваше во австралиското шоу „Sunday Night HD“. На видео снимка од емисијата, додека Бијонсе седнува пред водителот, нејзиниот стомак изгледа како да се прекршува и да се придвижува надолу.
Бидејќи шпекулациите за лажниот стомак започнаа да се шират со брзината на светлината, Бијонсе излезе со соопштение преку нејзиниот портпарол за да ги демантира. Во соопштение за ABC, претставник на пејачката ги оценил гласините како „глупави, смешни и лажни“.
30-годишната пејачка треба да го роди своето прво дете во февруари наредната година.
Еве го и видеото од гостувањето на Бијонсе во „Sunday Night HD“ (таа седнува околу 58-мата секунда од видеото.)