Биби Рекса ја посети Македонија. Славната пејачка престојуваше во Дебар, родното место на нејзиниот татко Флемур.
34-годишната музичарка сподели фотографии и видеа со семејството и роднините и напиша: „По 12 години, се вратив во родниот град на татко ми Дебар, Македонија. Беше многу емотивно повторното поврзување со моите корени. Ми значеше многу тоа што имав можност да го посетам гробот на дедо ми, бидејќи не можев да присуствувам на неговиот погреб поради турнеја. Семејството ми значи сè и оваа посета ме потсети на значењето на нашите врски.“
Биби е родена во Њујорк, но не ги заборава своите корени. Нејзиниот татко е роден во Дебар, а на 21-годишна возраст емигрирал во САД.
Рекса беше полна со емоции и при посетата на гробот на својот дедо. Таа не можела да присуствува на неговиот погреб во 2013 година, бидејќи била на музичка турнеја.
Мајката на Биби исто така има потекло од Гостивар.
Поради многу дилеми околу името на Биби, славната пејачка во видео открива како точно се изговара нејзиното уметничко име: