Беатриче Боромео-Казираги изгледаше како модерна принцеза во црвено на балот организиран од кралското семејство во Монако.
Привлечната Италијанка блескаше покрај сопругот Пјер Казираги, син на принцезата Каролина и внук на Грејс Кели и принцот Рение Трети.
За свеченоста, Беатриче избра впечатлив црвен фустан од Џамбатиста Вали.












Принцезата Каролина, како и нејзините ќерки Шарлота Казираги и принцезата Александра, беа облечени во креации од Шанел.



Татијана Санто Доминго, сопругата на Андреа Казираги, шармираше во виолетова креација со потпис на Гучи.

Принцот Алберт Втори присуствуваше без својата сопруга Шарлин.
И Карл Лагерфелд, креативниот директор на Шанел, беше меѓу гостите.









