Роми Страјд покажа зошто се вбројува меѓу најубавите модели и зошто е во малата група убавици кои ја имаат титулата „ангел на Victoria’s Secret“.
21-годишната Холанѓанка со умерен сексапил заведуваше на забавата по повод 35-годишнината на модната куќа на Каролина Ерера.
Страјд носеше црн фустан од Ерера со висок шлиц и разголен грб. Покрај неа беше нејзиниот сакан Лауренс ван Леувен. Фановите на славниот модел не запираат со комплиментите за атрактивниот изглед на парот.
Роми беше дел од годинашната ревија на Victoria’s Secret.