Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Арнолд Шварценегер и поранешната сопруга Марија Шривер го поддржаа синот Патрик на премиера

Арнолд Шварценегер и поранешната сопруга Марија Шривер го поддржаа синот Патрик на премиера

Арнолд Шварценегер, неговата поранешна сопруга Марија Шривер и останатите членови од семејството присуствуваа на премиерата на третата сезона од „The White Lotus“ во Менхетен.

Поводот беше улогата на Патрик Шварценегер, синот на Арнолд и Марија, во овој дел од серијата. 31-годишниот актер со широка насмевка позираше пред фоторепортерите со својот славен татко, мајка си, сестрите и братот, како и со својата вереница Аби.

Патрик Шварценегер Патрик Шварценегер Патрик Шварценегер Патрик Шварценегер Патрик Шварценегер Патрик Шварценегер Патрик Шварценегер Патрик Шварценегер

Патрик се фотографираше одделно со својот 77-годишен татко, кој се раздели од сопругата во 2011 година откако се дозна дека тој зачнал дете со куќната помошничка додека бил во брак. Неговиот вонбрачен син сега има 27 години, исто колку што има и синот Кристофер, кој тој го има со Шривер.

Всушност, неговите двајца синови се родени само пет дена еден од друг.

Патрик Шварценегер Патрик Шварценегер Патрик Шварценегер Патрик Шварценегер Патрик Шварценегер Патрик Шварценегер Патрик Шварценегер Патрик Шварценегер Патрик Шварценегер Патрик Шварценегер Патрик Шварценегер Патрик Шварценегер Патрик Шварценегер

Арнолд и Марија стапија во брак во 1986 година и заедно имаат четири деца – Кетрин, Кристина, Патрик и Кристофер.

Шривер е внука на покојниот претседател на САД, Џон Ф. Кенеди.

Патрик Шварценегер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 22772 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.