Анџелина Џоли се вброи во холивудските ѕвезди кои присуствуваа на овогодишното доделување на Critics' Choice Awards.
На црниот тепих во Санта Моника, 49-годишната актерка шармираше во романтична креација со чипка од либанскиот дизајнер Ели Сааб.
Црвениот кармин совршено го надополнуваше нејзиниот изглед.



Џоли беше номинирана за најдобра актерка за портретирањето на Марија Калас во филмот „Maria“, но не успеа да ја освои наградата.







