Антониа Гиговска беше меѓу младите изведувачи кои пееја во чест на легендарниот Кире Костов во Битола. 23-годишната музичарка настапи со Камерниот оркестар на Битола ⋮IWConnect.
На сцената во Центарот за култура, таа ги изведе моќните балади „Кога те нема“ и „Што те нема“ за, како што рече, „Дедо Кире“.
Гиговска пленеше со модерна елеганција. Кратките црни панталончиња таа ги искомбинира со сако со отсечоци и бели салонки. Нејзиниот стајлинг беше комплетиран со накит од италијанскиот бренд Rue des Mille, кој кај нас може да се најде во продажните места на Chapter 03.