Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ана Стојановска – природна, прекрасна и амбициозна

Ана Стојановска – природна, прекрасна и амбициозна

Интервјуто со Ана Стојановска за Магнетик е спонзорирано од Marella.

Те препознаваме од улогата во „Мајки“ на Милчо Манчевски, кажи ни како дојде до тоа да се вклучиш во овој проект? Кажи нешто повеќе за искуството да работиш со Милчо Манчевски? Што најмногу научи од ова искуство?

– За кастингот дознав за време на снимањето на ријалити шоуто Survivor. Во Скопје се вратив полна со самодоверба и жедна за нови искуства. Пристигнав во момент кога веќе се случуваше третиот круг и веднаш ја добив улогата. Искуството да се работи со Милчо е неверојатно. Научив многу за мерката во филмскиот актерски израз. Научив како уметникот треба да му пристапи на делото што го креира, со колку страст, емоции, верба и без компромиси. Научив колкава улога може да има филмот во освестувањето на луѓето во едно општество. Фактот што учествував во ваков контроверзен документарно-игран експеримент, ме прави исклучително горда и среќна.

Ана Стојановска Ана Стојановска

Се занимиваше и со манекенство одреден период. На што те научи ова искуство? Дали сметаш дека модата е вид на уметност?

– Модата ми покажа дека сакам да ја следам но и дека не сакам професионално да се занимавам со неа. Модниот дизајн е уметност, манекенството донекаде поза. Не можев да се видам себе ни во едното ни во другото.

Ја играш Ана во новиот филм на Борјан Зафировски – „ Ефектот на среќата“. Млад, талентиран колектив заедно со тебе. Како беше енергијата на снимање? Што да очекуваме од ова филмско остварување?

– Прерано е да се зборува за очекувањата на еден филм сè додека филмот не искочи како финален продукт. Атмосферата беше позитивна, а од она малку што успеав да го видам, сигурна сум дека визуелно ќе биде еден од највозбудливите и најубави филмови во нашата кинематографија.

Ана Стојановска Ана Стојановска Ана Стојановска

Претставата „Еден месец на село“ оваа година се закити со Златна Бубамара. Твојата улога е Катја. Што значи за тебе оваа улога? Како е да бидеш дел од ваков тип на претстава?

– Во театарските кругови често се зборува за соработката и взаемната почит што ја имале Паоло Маѓели и татко ми Ненад. Доведена е до ниво на мит кој го идеализираат нови генерации на млади уметници. Можам да кажам дека Паоло ме познава од дете а сега јас требаше да го запознаам него. Бев нервозна, возбудена, имав многу прашања за него и исто толку трема во себе. На крајот сфатив и сама зошто Паоло има репутација на голем човек и голем уметник и зошто е еден од најпочитуваните режисери на денешницата. Едноставен е до совршенство како и секој друг генијалец.

„Еден месец на село“ е претстава од која најмногу научив за театарот. Академија по завршувањето на академијата. До ден-денес се навраќам на процесот и одново откривам нови тајни на занаетот.

Те препознаваме и по многу телевизиски проекти како последната улога во ТВ серијата „Инсајдер“. Какви реакции добиваш од ваквиот тип на телевизиски улоги. Дали луѓето повеќе те препознаваат на улица? Дали да очекуваме повеќе такви проекти и улоги во иднина?

– Да, сите овие ТВ серии придонесуваат за одреден вид на популарност што е потребна за одржување на континуитет во работата. Уживам да работам и среќна сум ако тоа и се допаѓа на публиката.

Ана Стојановска Ана Стојановска Ана Стојановска Ана Стојановска Ана Стојановска

Што е следно за тебе професионално?

– Ако нема некои позначајни измени во програмата на МНТ, есенва ќе работам на нова театарска улога, а на повидок е и еден интернационален филмски проект, но сè уште не сум сигурна дали ќе бидат прифатени условите што сакам да ги поставам.

Во моментов работам со Нела Витошевиќ, трагедијата „Макбет“ од Шекспир, која би требало својата премиера да ја има во МНТ на почетокот на мај.

Ана Стојановска Ана Стојановска

Препорачај ни македонски филм за викенд.

– „Тајната состојка“, ако сè уште постои Македонец што не го изгледал.

Дали сметаш дека твојот личен стил те отсликува тебе како карактер. Кое парче облека најмногу ја дефинира Ана.

– Низ годините сменив многу модни стилови. Таканаречената улична мода со која се запознав за време на мојот престој во Њујорк, сè уште ми е најблиска до мојот карактер.

Ана Стојановска Ана Стојановска Ана Стојановска

Што не би облекла никогаш на премиера?

– Би облекла било што ако е ставено во вистински контекст.

Што те прави среќна, приватно и професионално? Што е она што те мотивира секој ден?

– Физичките и менталните патувања.

Модел: Ана Стојановска

Облека: Marella

Фотографија: Александра Костадиновска

Шминка: Васе Доковски (Beauty Hub 202)

Коса: Даниел Артевски (Beauty Hub 202)

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19765 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.