Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „The Revenant“ на Леонардо Дикаприо доминираше на BAFTA 2016

„The Revenant“ на Леонардо Дикаприо доминираше на BAFTA 2016

Синоќа Лондон беше домаќин на престижната манифестација по повод доделувањето на овогодишните BAFTA награди. На 69. по ред издание, Британската академија за филмски и телевизиски уметности ги прогласи најдобрите во филмската индустрија за годината која измина.

„The Revenant“ беше големиот победник на вечерта и ја збогати својата колекција за уште пет нови награди. Американскиот трилер беше прогласен за Најдобар филм, режисерот Алехандро Гонзалес Ињариту за Најдобар режисер, додека Леонардо Дикаприо доби уште една потврда дека е Најдобар актер.

Леонардо и Алехандро Леонардо Дикаприо

Веднаш зад „The Revenant“ по број на награди се наоѓа „Mad Max: Fury Road“, со четири освоени награди меѓу кои за Најдобра костимографија и Најдобра шминка и фризура.

Mad Max: Fury Road

За Најдобра актерка беше прогласена Бри Ларсон за улогата во филмот „Room“, додека за Најдобра актерка во споредна улога беше избрана Кејт Винслет за биографскиот филм за Стив Џобс. Најдобар актер во споредна улога е Марк Рајланс за улогата во филмот „Bridge of Spies“.

Кејт Винслет

Документарецот за прерано починатата музичка ѕвезда Ејми Вајнхаус, „Amy“, беше почестен со наградата Најдобар документарен филм.

Amy

„Inside Out“ беше победник во категоријата Најдобар анимиран филм, „Brooklyn“ беше прогласен за Најдобар британски филм, додека за Најдобар филм од неанглиско говорно подрачје беше избран „Wild Tales“.

Inside Out

Целосна листа на победници

Best Film: „The Revenant“
Best Director: Алехандро Гонзалес Ињариту, „The Revenant“
Best Actor: Леонардо Дикаприо, „The Revenant“
Best Actress: Бри Ларсон, „Room“
Best Supporting Actor: Марк Рајланс, „Bridge of Spies“
Best Supporting Actress: Кејт Винслет, „Steve Jobs“
Best Original Screenplay: „Spotlight“
Best Adapted Screenplay: „The Big Short“
Outstanding British Film: „Brooklyn “
Best Film Not in the English Language: „Wild Tales“
Best Animated Film: „Inside Out“
Best Documentary: „Amy“
Best Editing: „Mad Max: Fury Road“
Best Costume Design: „Mad Max: Fury Road“
Best Cinematography: „The Revenant“
Best Original Music: „The Hateful Eight“
Best Make-Up & Hair: „Mad Max: Fury Road“
Best Visual Effects: „Star Wars: The Force Awakens“
Best Production Design: „Mad Max: Fury Road“
Best Sound: „The Revenant“
Outstanding Debut: „Theeb“
Rising Star Award: John Boyega
Best Animated Short: „Edmond“
Best British Short: „Operator“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20904 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.