Почетна » Новости » Чуден свет » „Мојата 7-годишна ќерка прима ботокс и има тетовирани веѓи“

„Мојата 7-годишна ќерка прима ботокс и има тетовирани веѓи“

Кога пред помалку од два месеца Британката Кери Кембел јавно призна дека ѝ става ботокс на својата 8-годишна ќерка и ја носи на комплетна депилација, таа доби многу негативни реакции од цел свет. Но, очигледно ваквото „разубавување“ на малите девојчиња не е реткост.

33-годишната Шерон Еванс исто така призна дека ѝ става инјекции со ботокс на својата 7-годишна ќерка Бри. Самохраната мајка уште и ѝ ги истетовирала веѓите на малата Бри, сè со цел еден ден таа да стане славна како 10-годишната ќерка на Вил Смит, Вилоу.

Бри и ШеронБри и Шерон

Шерон ги купува ботокс инјекциите онлајн и ги вбризгува во лицето на својата ќерка на секои два месеца, а веѓите ѝ ги истетовирала откако од поранешното момче научила како да го прави тоа. Освен тоа, таа ѝ става и инјекции за зголемување на усните.

Еве што изјавила Шерон за британскиот весник The Sun:

„Она што го правам за Бри ќе ја претвори во ѕвезда. Сите врвни актерки и славни личности сега рано започнуваат, а Бри ќе се истакнува од другите благодарение на нејзините големи усни и супер мазна кожа без брчки.“

„Тетовираните веѓи се светли и може да ги користи само како потсетник за тоа како да ги кубе правилно. За да бидеш супер-ѕвезда, треба да бидеш различен и високо одржуван, а јас го правам токму тоа. Таа е мое дете и ова е моја одлука.“

„Земете ја за пример Вилоу Смит, таа секогаш е подготвена за пред камера, носи дизајнерски алишта, има стилист и користи шминка и надградба на косата. Тоа и донесе глобална слава. Бри ќе биде уште поголема и поуспешна од Вилоу.“

Шерон, која сега живее во Калифорнија, тврди дека во Америка не е чудно децата да користат ботокс. Таа идејата ја добила од други родители на натпреварите за убавина за деца, па контактирала со 15 доктори за да ѝ стават ботокс на Бри, но сите ја одбиле.

БриБри подготвена за да добие нова доза ботокс

Сепак, тоа не ја спречило, па таа посетувала курс за козметичарка за да може да ја заврши работата сама.

„Одев на 12-неделен курс за козметичари и тоа ми помогна. Но, исто така читам и на интернет на форуми и веб сајтови. Прво ги тестирав инјекциите на себе за да знам дека се безбедни. Потоа, ѝ кажав што ќе направам и ѝ реков дека ако сака да биде како Вилоу Смит, ќе треба да биде забележана.“

„Иако беше уплашена, таа беше и многу возбудена дека ќе изгледа како ѕвезда. Морам да признам дека бев малку нервозна, па морав да ги пробам инјекциите неколку пати во портокал. Првата тура инјекции ги ставивме во септември. Таа плачеше малку, но не можеше да биде посреќна со резултатите.“

Во март Шерон решила дека е добра идеја да пробаат и тетовирање на веѓи. Еве што раскажала таа за ова свое „постигнување“:

„Тоа беше идеја на Бри. Таа ми покажа слика со модел со убави веѓи и рече дека сака такви веѓи. Порано излегував со тату уметник кој ме научи како да ги правам. Позајмив опрема од мој пријател и истетовирав тенка линија на веѓите на Бри за да им дадам природен и дефиниран изглед. Бри беше храбра и не плачеше.“

БриШерон самата ги тетовирала веѓите на Бри

„Знам дека некои луѓе ќе бидат бесни, но тоа не ме загрижува. Таа е моја ќерка и морам да се осигурам дека ќе биде ѕвезда. Им се восхитувам на славните како Бритни Спирс и Вилоу Смит кои направиле многу уште кога биле мали и сакам истото да се случи со Бри. Сè што правам, го правам за мојата ќерка. Јас сум нејзина мајка, нејзин агент, нејзин пријател. Посакувам мајка ми да го направеше истото за мене.“

Шерон планира допрва да истетовира тенка розова линија околу усните на Бри.

Најверојатно поради влијанието на својата мајка, и Бри веќе размислува на истиот начин. „Ги обожавам моите веѓи и тоа што примам ботокс. Некои од девојчињата во моето училиште велат дека ова не е во ред, но тие се глупави и љубоморни. Повеќето мои пријатели мислат дека тоа е навистина кул и сакаат и тие да го прават. Тие знаат дека ќе бидам суперѕвезда како Вилоу Смит“ – изјавила малата Бри.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19729 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.