Почнувајќи од 01.11.2020 г., па сѐ до крајот на февруари, сите физички лица кои се корисници на кредитни или дебитни картички од брендот Mastercard, со секоја направена трансакција со HalkPay мобилната апликација, можат да учествуваат во големата наградна игра на Халкбанк, наречена „Шопинг победа“.
15 смартфони, 6 гармин часовници, 10 ваучери за велосипеди и еден електричен велосипед се атрактивните награди кои учесниците можат да ги добијат во едно од четирите месечни извлекувања, односно по 5 смарт телефони на трите месечни извлекувања на 3 декември, 12 јануари и 3 февруари и сите останати награди на главното извлекување на 10 март 2020 година.
„Од самото лансирање на мобилната апликација HalkPay во јули оваа година, интересот за нејзино користење е навистина голем, за што говорат и големиот број преземања. Оттука, нашата цел беше на клиентите дополнително да им понудиме и вредни изненадувања за услугите на Халкбанк што и онака ги користат, особено во ова време на неизвесност, кога готовинското плаќање е сведено на минимум, а безготовинските трансакции и дигиталните услуги земаат сѐ поголем замав. Правилата за учество се навистина едноставни, односно сѐ што е потребно корисникот да направи е валидна трансакција со дигитализирана картичка со мобилна апликација HalkPay на кој било ПОС терминал што поддржува бесконтактно плаќање“ - изјави Маја Наумовска Савеска од Дирекцијата за корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк.
Во излекувањето, една шанса за учество во наградната игра имаат сите корисници на Mastercard дебитни платежни картички за физички лица, додека пак корисниците на Mastercard кредитни платежни картички за физички лица, добиваат тројна шанса за добивка за секоја поединечна трансакција.
Во наградната игра право на учество имаат сите полнолетни физички лица кои се клиенти на Халкбанк АД Скопје и се корисници на Mastercard дебитни и/или кредитни платежни картички за физички лица, Mastercard Debit Contactless; Mastercard Standard; Mastercard Contactless и Mastercard World издадени од Халкбанк АД Скопјe.
Повеќе информации за наградната игра „Шопинг победа“ се достапни тука.
Комерцијален текст