Со цел да им овозможи максимално сигурен и безбеден престој на своите гости во време на пандемијата на вирусот Covid-19, хотелот Изгрев СПА & АКВАПАРК кој се наоѓа на струшкото крајбрежје воведе посебни протоколи за работа со главен акцент на хигиенските мерки. Овие протоколи се прифатени од најреномираните имиња во хотелиерството во светски рамки, со што хотелот Изгрев СПА & АКВАПАРК се најде на мапата на хотели кои ги исполнуваат највисоките светски стандарди за безбедност.
Видео
Овој реномиран хотел набави 23 специјални озонери за прочистување на воздухот и просториите, кои се користат за стерилизација и дезинфекција на хотелските соби, заедничките простории во кои има зголемена фреквенција на гости како што се ресторанот, лобито, ходниците, лифтовите и сл., како и на спа-центарот. Овие озонери за многу кратко време за 100% ги отстрануваат сите бактерии, вируси и други штетни честички од воздухот, создавајќи совршено безбедна околина за престој на гостите. Притоа, озонерите се целосно безбедни за животната средина и здравјето на луѓето бидејќи не користат хемикалии при нивната работа. Безбедноста и ефикасноста на овие озонери е потврдена од реномирани меѓународни институции.
Озонерите секојдневно се користат во собите на хотелот, при што процесот на дезинфекција трае од 5 до 30 минути, во зависност од големината на просторијата. По употребата на озонерите, собите се проветруваат и се подготвени да ги пречекаат новите гости во комплетно чиста и безбедна средина. Согласно безбедносните протоколи за работа, секоја соба во хотел Изгрев СПА & АКВАПАРК се дезинфицира со озонерите пред сместувањето на секој нов гостин, а дополнително рачно се дезинфицираат сите површини, особено оние кои се најизложени на допир како што се кваките на вратите, електричните прекинувачи, далечинските управувачи за телевизорите и клима-уредите и сл. Овие површини се дезинфицираат со најсовремени средства за дезинфекција на база на 70% алкохол и различни видови микрофибер крпи. Хотелскиот персонал задолжен за одржување на хигиената е опремен со специјални скафандери за работа кои овозможуваат беспрекорна хигиена, но истовремено го штитат и здравјето на вработените.
- Безбедноста на гостите, удобниот престој и квалитетната услуга се приоритет на целиот персонал на хотел Изгрев СПА & АКВАПАРК. Затоа во овој период на пандемија воведовме дополнителни безбедносни протоколи и набавивме најсовремени технолошки решенија со кои на нашите гости им обезбедуваме совршено чиста и безбедна околина за престој. Сите вработени во хотелот се максимално посветени да ги задоволат потребите на гостите за тие да се чувствуваат како да се дома – истакнуваат од менаџерскиот тим на хотелот Изгрев СПА & АКВАПАРК.
Хотелот применува посебни протоколи и при набавката на прехранбени намирници и подготовка на храна. По набавката, сите прехранбени намирници се дезинфицираат со природни и комплетно безбедни средства за дезинфекција, по што храната се транспортира до хотелската кујна согласно воведените ХАСАП системи.
Комерцијален текст