Сте слушнале ли за времето во кое локалните млекари доставувале млеко на прагот на домаќинствата? Идилична слика за еден поинаков и поедноставен живот кој буди носталгија кај оние што го живееле тоа време и за кое сеуште мечтаат. Денес, се чини дека испораката на млеко на прагот од нашите домови прави голем кам-бек благодарение на Лакталис МК кој почна со испорака на млеко и млечни производи до домовите на купувачите.
Иако оваа традиција исчезна од пејзажот во шеесетите години на минатиот век, денес возбудата околу испораката на млеко и млечни производи до нашите домови е повторно актуелна, токму поради новите околности, но и заради потребата од овие есенцијални производи на нашата трпеза.
Со оглед на тоа дека најстарите граѓани се една од најранливите групи во актуелната ситуација, но и сите млади родители и семејства кои мака мачат со менаџирање на работните обврски, активностите на децата и ограничувањето на движењето, Лакталис МК ја отвори својата прва он-лајн продавница за своите купувачи кои принципиелно се придржуваат до препораките и нужноста да се остане дома.
„Во ова време важно е да се прилагодиме кон потрошувачите и да направиме исчекор кон унапредување на услугата во новонастанатиот амбиент. Нашите купувачи можат да ги нарачаат своите омилени производи од Алпско, Президент, Идеал Шипка и Дукат, како млеко, јогурт, кисело млеко, павлака, сирење, кашкавал, путер, намази или топено сирење, кои ќе им пристигнат на врата во специјалното и безбедно пакување, доставени од лица кои ги исполнуваат сите препорачани мерки за дезинфекција и со комплетна заштитна опрема“ - изјавуваат од Лакталис МК.
Дополнително, за првите 120 купувачи што ќе нарачаат производи преку новата он-лајн продавница следи и примерок од активистичко списание „Лице в Лице“, како поддршка кон нивните продавачи што се на маргините на општеството и кои во ова време имаат намален работен ангажман.
Старо-новата традицијата на достава на млеко до прагот на домаќинствата вреди да се негува и да трае, не само заради практичноста и едноставноста на доставата, но и заради најубавите искуства во семејството, оброците со млеко и млечни производи, како и сознанието дека на најсаканите им го овозможуваме најдоброто - секој ден.
Комерцијален текст