Во споредба со останатите типови на кожа, луѓето со масна и проблематична кожа се соочуваат со повеќе проблеми во топлиот и сончев период на годината. Еве некои од проблемите со кои се соочуваат и совети како да се справиме со нив:
- Луѓето со масна и проблематична кожа вообичаено имаат влошување на состојбата на кожата во текот на летниот период, особено после одмор.
- Склони се кон хиперпигментaции, односно појава на кафено пребоени дамки на кожата, како резултат на воспалителни промени на кожата при акни.
- Имаат фоточувствителност, ако кожата ја третираат со лекови и третмани кои прават десквамација (лупење, т.е.перутање ). При тоа кожата станува сува и затегната, што дава непријатно чувство кај пациентот.
Сумирано, пациентите со масна кожа и акни имаат потреба од спацијално разработени производи за нега на нивната кожа. Научно-истражувачкиот тим на Eucerin ја создаде DermoPure – зелената линија наменета за нега на масна и проблематична кожа, во која беше имплементирана специјална технологија т.н. липозомен транспортен систем. Оваа технологија овозможува селективно дејство на активните супстанции само во изводните канали на лојните жлезди, точно на местата каде е и проблемот на масната и проблематична кожа. Со тоа се избегнува дејство на здравата кожа, односно сува и затегната кожа која се лупи и која е чувствителна на сонце. Благодарение на липозомниот транспортен систем, производите од зелената линија можеме слободно да ги користиме и во сончевиот период на годината. На располагање имаме:
- Гел за миење лице – се користи 1-2 пати дневно за миење на масна и многу масна кожа.
- Тоник – 1-2 пати дневно за чистење на кожа со комедони. Ги отвора порите и овозможува екстра-длабоко чистење на Т-зоната и другите проблематични регии на кожата.
- Пилинг – еднаш на 2-3 дена, најдобро после бањање кога порите на кожата се отворени. На мокра кожа нанесуваме од пилингот и нежно масираме ½-1 минута, после што го измиваме со млака вода. Со пилингот ги отстрануваме изумрените епителни клетки и постигнуваме побрзо отворање на изводните канали на масните жлезди.
- Што се однесува до дневната нега на масна и проблематична кожа, научниците ги земаа предвид двете групи на пациенти. Имено, првата група се пациенти чија кожа е масна, свети, кај некои делува и нечисто. DermoPure Дневниот хидратантен крем го намалува замастувањето на кожата и овозможува мат ефект. Од друга страна е втората група на пациенти со проблематична кожа, кои со бројните третмани веќе ја пресушиле и излупиле кожата, заради што кожата има потреба од дополнителна хидратација и фотопротекција. За нега на третирана кожа е специјално разработен DermoPure дневниот крем, кој целосно ќе ги задоволи нејзините потреби. Ако пациент со нетретирана кожа го користи овој крем, ќе има чувство дека му е тежок на лицето и нема да му одговара и обратно, ако третираната кожа со лекови ја негуваме со хидратантниот матирачки крем, кожата ќе стане уште посува и затегната.
- Ноќниот крем од зелената линија е со најјако дејство и делува себорегулаторно ( го регулира замастувањето на кожата), комедонолитички и кератолитички (ги отстранува комедоните/чеповите од изводните канали на лојните жлезди), антибактериски и противвоспалително ( го смирува црвенилото на кожата ).
- DermoPure Концентратот го зајакнува ефектот на кремите за нега, ја подобрува еластичноста на кожата и ги намалува широките пори кај масната кожа и
- Стик-коректорот – ги суши воспалените акни и гнојаници, го смирува црвенилото и го прекрива. Многу е практичен кај поединечните акни кој се појавуваат пред менструален циклус.
Во тек на летото и одморите кога подолго се изложуваме на сонце и особено ако користиме лекови или овошни киселини за третман на акните, се препорачува најсилна заштита од сонце за да се заштитиме од хиперпигментации. Од линијата за заштита од сонце на Eucerin, беа направени производи специјално адаптирани за масна и проблематична кожа, како на пример Sun Oil Control Крем-гелот за лице со СПФ50+, кој освен заштита од сонце овозможува и намалено замастување и мат-ефект на кожата.
Не прескокнувајте барем еден производ за миење или чистење на масна и проблематична кожа во комбинација со кремите за нега на лицето, бидејќи активните состојки од кремите делуваат многу подобро на чиста кожа. Доколку не можете да се одлучите што ви одговара, посоветувајте се со вашиот дерматолог или обратете ни се за совет на https://www.facebook.com/eucerinmakedonija?fref=ts
Комерцијален текст