Изборот на вистински додаток на исхрана (суплемент) секогаш треба да го правиме врз основа на квалитетот и активноста на активната супстанца.
Обезбедувајќи најстроги протоколи за квалитет и на суровините, но и на технолошкиот процес на производство и на самите финални производи, JAMIESON е глобален лидер во сегментот на витамини-минерали-суплементи.
Иновативните комбинации, како што се таблетите со витамини К2 и Д3 се единствени на пазарот кои истовремено пружаат исклучително моќна поддршка на имунитетот, но и помагаат при состојби на остеопороза и артрит.
Џвакачките таблети на витамин Ц, овозможуваат скоро моментална и целосна апсорпција на витаминот Ц како кај децата, така и кај возрасните. Дополнително, JAMIESON патентираше и комбинација од витамини Ц и Д3, во форма на џвакачка таблета, која придонесува за оптимална активност на имуниот систем, со истовремено намалување на заморот, исцрпеноста и стресот, и ја помага правилната работа на нервниот систем, но и на крвотокот. Во случаи каде се јавува „гребење на грлото“, JAMIESON формулираа пастили за лижење со цинк, ехинацеа, ѓумбир, нане, камилица, но и витамини Ц и Д3, одличен избор за овој период од годината.
Логото на JAMIESON e „STAY STRONG“ (остани силен), заедно со логото на ЕУРОФАРМ „Ние постоиме за да се грижиме за Вашето здравје“ е добитна комбинација за силен имунитет и добро здравје.
Комерцијален текст