Почетна » Новости » Промо » Носителот на иновативни технологии во Ист Гејт Мол е Нептун

Носителот на иновативни технологии во Ист Гејт Мол е Нептун

НЕПТУН лидерот во иновативни технологии и бела техника во Македонија, ja отвора својата 26 локација како „flagship” продавница во Ист Гејт Мол. Продавницата ќе се простира на 1500 м2 и ќе се наоѓа на стратешка локација блиску до главниот плоштад во трговскиот центар, и до неа може да се стигне и со автомобил поради полесно транспортирање на купените производи.

Горан Панзов, Регионален Менаџер на НЕПТУН официјално ја предаде комплетната проектна документација на Наташа Апостолов, Лизинг Менаџер во Ист Гејт Мол, со што е меѓу првите закупци кои започнуваат со уредувањето на своите простории.

Нептун

Горан Панзов изјави: ,,Започнуваме со уредување уште во овој момент, затоа што за комплексен зафат за продавница од 1500 м2 е потребно време од минимум 6 месеци. Како водечки синџир на продавници за иновативна технологија и бела техника во Македонија, чест ни е што ќе бидеме дел од најголемиот трговски центар во регионот. Присуството во Ист Гејт Мол ни носи голема видливост и голема фрекфенција на клиенти. Продавницата на Нептун ќе биде носител на модерниот имиџ и ќе ги изложи најиновативните меѓународни брендови за технологија и бела техника за сите потрошувачи”.

Наташа Апостолов изјави дека Ист Гејт Мол го најавува официјалното отворање наесен годинава, а повеќе од 90% од вкупната површина на трговскиот центар е веќе изнајмена. Во моментов закупците интензивно работат на проектната документaцијa, а со закупците кои имаат закупен простор над 500 м2 е започнат и процесот на примопредавање на локалите со што овие закупци веќе започнуваат со изведување на работите.“

Нептун Нептун

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19703 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.