“
Не можете да преминете преку морето на тој начин што само ќе стоите и ќе гледате во него.
Колку долго сонуваше за одмор?
За оној момент кога само лежиш на плажата и единствената грижа ти е колку си поцрнела тој ден?
Колку пати во текот на оваа година си рече „Сето тоа ќе го измие солената вода“?
Ако не се пронајде во овие реченици, слободно прескокни го овој текст.
Но ако (како и остатокот од светот) сонуваш за моментот во кој конечено си посветена самата на себе, тогаш остани уште малку.
Веројатно веќе ги пребара сајтовите, туристичките понуди и аранжмани: провери каде можеш да одиш и со која вакцина… и веројатно веќе те заболе глава…
Дали размисли дека авантурите и вистинскиот одмор се кријат токму тука, близу до тебе: само треба да ги пронајдеш!
Затоа те повикуваме ова лето да не ја замислуваш идеалната авантура, туку и да ја оствариш: и тоа баш овде, во Македонија.
Јасно ни е дека Охрид не е море, но ниту едно море нема да изгледа исто кога потполно ќе се истражат убавините на нашето преубаво езеро.
Cedevita затоа те повикува ова лето да ja откриеш привлечноста на Охрид и да го посетиш Заливот на коските!
Оваа единствена локација е современа реконструкција на праисториската наколна населба и претставува само дел од површината која некогаш ја заземало населението: сега е време да ја истражиш и ти!
Она што ти треба е:
- Крема за сончање
- Пешкир
- Добро расположение
- шише Cedevita ( изборот на вкус останува на тебе)
- Screenshot на фотографијата подолу
Дојди на 24.07. од 9 до 13 часот, побарај ги Cedevita промотерките во центарот на Охрид (во кафичите MR. I, Pub Tino, La Fabrique, Golden beach) и покажи им ѕcreenshot од фотографијата погоре: Cedevita ти подготвува супер награди кои ќе го надополнат твоето летно уживање на Заливот на коските! Побрзај, бидејќи само 10-те најбрзи ќе добијат подароци!
Доколку сепак не успееш да стигнеш во Охрид, истиот ден сме во Ресен и Струга - пробај да нè најдеш и таму.
Јави ни како си помина на www.cedevita.com … или уште подобро немој: бидејќи ако те нема, значи дека навистина уживаш. 😀