- Вградена електронска картичка којашто во иднина ќе ги замени стандардните СИМ картички
За прв пат на пазарот Македонски Телеком воведува еСИМ – вградена електронска картичка, еволуција во СИМ технологијата, којашто во иднина целосно ќе ги замени физичките СИМ картички. еСИМ е нов начин на поврзување на уредите со мобилната мрежа и за разлика од стандардните СИМ картички, кои треба физички да се постават во уредот, оваа нова технологија користи вграден електронски чип, што овозможува онлајн активирање.
Развојот на еСИМ ќе влијае врз развојот на услуги во доменот на „Интернет на нештата“ и поврзаните уреди, затоа што овозможува тие да работат независно од смартфоните, што досега не беше возможно. Ова ќе донесе нов начин на комуникација и полесно поврзување со смарт часовници, велосипеди и други IoT уреди.
Освен технолошкиот и иновативниот, особено е важен и еколошкиот аспект, затоа што замената на пластичните картички и пакувања ќе придонесе за зачувување на животната средина.
За да се користи оваа технологија, потребен е уред којшто ја поддржува, а во иднина бројот на вакви уреди ќе расте сè повеќе. еСИМ се активира едноставно, со скенирање QR код, со што еСИМ профилот се презема преку интернет, криптиран, за да се обезбеди највисоко ниво на сигурност. Сите постпејд корисници на мобилната мрежа на Телеком кои имаат уред што поддржува eСИМ може да ја користат новата електронска картичка.
еСИМ е чекор напред кон целосна дигитализација и поврзување на уредите, но и еколошка иновација и се очекува во наредните години да стане глобален тренд во понудата на паметни уреди.
Повеќе информации на: www.telekom.mk
Комерцијален текст